Tuesday, 8 October 2013

Како можам и јас да помогнам?

Секоја индивидуа со доволно волја, без оглед на возраста, може да даде свој придонес во рециклирањето. Модерното општество наложува секојдневно користење на разни продукти, многу од кои можат да бидат рециклирани. Таквите продукти треба да бидат издвојувани и оставани на соодветни места специјално наменети за нив. Тоа е единствениот начин да бидеме сигурни сме дале и наш личен придонес кон зачувувањето на животната средина. Наместо пластичното шише од сокот што го купивте денес да го фрлите на улица, зошто не го оставите на определеното место за рециклирање? Зарем има некој причина поради која не би го направиле тоа?

Освен на малите продукти, треба да се напомене и дека многу други електро-технички продукти можат да бидат рециклирани. Сите ние имаме стари телевизори, радио системи или пак компјутери, кои денес немаат никаква функција. Со рециклирањето на такви продукти, не само што ќе направите добро, туку ќе добиете и паричен надоместок.
Денес, исто така, постојат многу организации, владини или невладини, кои водат информативни кампањи за рециклирањето, а воедно се и причината зошто во последната декада количината на рециклирани материјали се зголемила двојно. Земањето учество во истите, како и фактот дека сме помогнале во зачувувањето на природата придонесуваат кон душевен мир и спокој — нешто кон што секој човек треба да се стреми.

3 comments: