Tuesday, 8 October 2013

Мисли на утре, рециклирај денес
"За сите оние кои не знаат што е рециклирање - тоа е старо за ново или накратко менување. Рециклирањето е волшебна фабрика: влегува стара пластика, а излегува нова Барбика", "Биди дете смело, собирај пластични шишиња на дело". Ова се дел од пораките на 2500 основци од 35 градови во државава кои учествувале на работилниците за значењето на повторната употреба на отпадот што се организираат во рамките на медиумската кампања што ја спроведува Меѓународната финансиска корпорација-ИФЦ заедно со Движењето на екологистите на Македонија, Космофон, Германос и Комунална хигиена.
Во рамките на проектот ќе биде организиран национален натпревар на тема Волшебниот свет на рециклирањето", кој ќе ги опфати сите основни училишта во Македонија. Во категоријата литературни творби натпреварите се на тема Мисли на утре-рециклирај денес", уметничките творби треба да се изработени со примена на рециклирањето на тема Волшебниот свет на рециклирањето", а темата на натпреварот во најдобри специјални стории снимени со камера или фотоапарат е Ние сме дел од решението, а не од проблемот". Кампањата ќе трае до четврти април, а за најдобрите ќе има награди кои ќе се доделат на 20 април по повод Денот на планетата Земја.

1 comment: